Колку често обрнувате внимание на вашиот одраз во огледалото? Внимавајте на деталите. Некои промени може да бидат опасен сигнал. Во тој случај не ја одложувајте посетата на лекар

Ова се некои од скриените знаци, кои ни кажуваат дека можеби нешто не е во ред со нашето тело.

1. Бела коса пред четириесет

Иако белата коса најчесто е предизвикана од генетски фактори, драматично зголемениот број на бели влакна во даден период може да укаже на дијабетес.

2. Испукани усни

Најчесто испуканите усни не се причина за преголема грижа. Ако поминувате премногу време на отворено или едноставно не пиете доволно течности, причините за загриженост се минимални. Ако вашите усни се суви сами по себе, ова може да укажува на габична инфекција. Затоа, задолжително направете ги сите потребни тестови, бидејќи понекогаш е потребен подолг период за лекување на габични инфекции.

3. Жолтеникаво бели

Ако се малку жолти, можно е да е само замор. Во спротивно, тие можат да бидат знак за жолтица и анемија. Жолтите бели бараат подетална анализа, за да започнете со анализа на крвната слика. Анемијата и жолтицата може да се поврзат со многу посериозни болести.

4. Црвени дланки

Ако забележите дека вашите дланки стануваат поцрвени, треба да побарате преглед за да проверите дали се е во ред со вашиот црн дроб. Црвенилото на дланките е познато и како палмарна еритема.

5. Кратки и скршени веѓи

Губењето на косата може да укаже на проблеми со тироидната жлезда. Доколку е тоа ваш случај реагирајте навреме, потребно е да се провери хормоналниот статус.

6. Збрчкани уши

Обично ушната школка и ресите се мазни и затегнати, додека ушната ресичка и ресите со линии и брчки кои изгледаат како ресите да се преполовени може да бидат знак дека ви се заканува срцев удар.

7. Големи гради

Зголемените гради, но и појавата на израстоци на градите бараат медицински пристап. Често овие симптоми може да бидат поврзани со дијабетес.

8. Студени стапала

Иако велат дека луѓето со ладни раце и нозе се „подобри во кревет“, ова е само знак за слаба циркулација. Сепак, слабата циркулација може да биде симптом на кардиоваскуларни болести и проблеми.

9. Отечен врат

Отечениот врат често се поврзува со болести на тироидната жлезда. Меѓутоа, доколку забележите зголемени лимфни јазли на вратот, веднаш посетете лекар. Ова може да биде симптом на малигно заболување, а тоа е Хочкинов лимфом.

10. Лоши, кршливи нокти

Лошите нокти укажуваат на проблеми со анемија и бубрезите. Понекогаш оваа состојба е само минлива, но доколку забележите дека состојбата не се подобрува, задолжително посетете лекар.