Доволно е само да ги исклучите некои од нив, додека други најдобро е да го исклучите напојувањето
Време е за одмор и ние сме апсолутно сигурни дека едвај чекате да дојде редот за да отидете на некоја убава дестинација и да уживате во привлечноста на морето или планините. Сепак, пред да излезете од вашиот дом, погрижете се одредени уреди да се исклучени, за да не предизвикуваат непотребни трошоци и проблеми.
Пред се, треба да знаете дека има уреди кои можат да се расипат, додека од друга страна некои иако не работат сепак трошат струја, а некои може да предизвикаат дефект.
Апарати што треба да ги исклучите
Сите модеми, конзоли за игри, лаптопи, модеми, рутери и сите уреди кои имаат дополнителен полнач. Сите тие треба да се исклучат додека сте на одмор, бидејќи, без разлика дали самиот уред работи или не, тие сепак трошат струја.
Исто така, треба да ги исклучите сите мали апарати за домаќинство, како што се тостери, блендери и сите апарати со тајмери, бидејќи тие може да бидат потенцијално опасни додека сте отсутни.
Погрижете се да ги исклучите сите уреди што ги контролирате со далечинскиот управувач, бидејќи тие не се навистина исклучени и безбедни, додека не го исклучите напојувањето.
Апарати што треба само да ги исклучите
Клима уред: Не треба да го прекинувате напојувањето, само исклучете го.
Бојлер : Исто како кога се туширате, доволно е само да го исклучите
Исто така, би било добро да го исклучите главниот вентил за вода пред да заминете на одмор, бидејќи така ќе бидете сигурни дека нема можност за поплавување.
