Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за Само вистина на Канал 5 вечерва изјави дека Европската Унија која не не признава како Македонци со македонски јазик, ние ни треба. Тој се согласува со ставот кој претходно го соопшти вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров дека ако нашиот јазик е спорен за ЕУ, тогаш не ни треба ЕУ.

Но, посети дека повеќето земји членки дале поддршка на Македонија. Наведе дека и во ЕУ имало обраќања на македонски јазик. Заев вели дека ЕУ ја изгуби авангардноста, но план Б за Македонија нема. За Бугарија вели дека она што е рачка на разделување треба да го снема, а донирањето вакцини е мост на пријателство.

„Со Договорот што го потпишавме со Бугарија сакавме да станеме браќа, и ние тргнавме да градиме атмосфера за да станеме браќа, бидејќи така се вика најновото пријателство, но на крајот, сепак, Бугарите посакаа да ни станат татковци наместо браќа“, рече Заев.