Бугарија, повеќе и од земјите во ЕУ и од земјите преку океанот сака Македонија да стане членка на Европската Унија, но нашата поддршка не е безусловна, вели бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева..

Во вечерашното интервју за бугарската национална телевизија „БТВ“ уверува дека не сите земји – членки ја поддржуваат Македонија да ги почне преговорите..

Ја повика македонската владата да го спроведе Договорот за добрососедство..

,,Не треба да внесуваме нерешени прашања во ЕУ. Треба да бараме начин како да ги решавање, а не да се објаснуваме дека Бугарија бара нешто што никогаш не барала. Ајде повеќе да се фокусираме и да се сконцентрираме.

Знам дека на Балканот е тешко да ги намалиме емоциите. Ние сме емотивни народи од двете страни. Не сите ја поддржуваат (Македонија), да бидеме искрени. Нема толкав ентузијазам токму утре некоја земја од Западен Балкан да стане членк на ЕУ. Кога ќе почнат преговорите, тогаш.

Изјави бугарската шефица на дипломатијата