Републичкиот хидрометеоролошки завод предупреди дека од денеска до понеделник се очекуваат обилни врнежи на територијата на цела држава.

Поголеми врнежи од дожд во петок и сабота најпрво се очекуваат во северна и западна, додека во недела и понеделник зоната на интензивни врнежи ќе се премести на југ и исток од земјата.

Денеска ќе има појава на краткотрајна магла, а во текот на денот ќе биде умерено до целосно облачно, на места со врнежи од дожд и локални врнежи кои на места ќе бидат придружени со грмежи.

Ќе дува слаб и умерен јужен и југозападен ветер, кој преку денот ќе се зголемува особено во планинските предели.
Во Белград ќе биде претежно облачно, повремено со врнежи од дожд и локални врнежи. Најниската температура ќе има вредност околу 9, а највисоката околу 13 степени.

Според временската прогноза за следните седум дена ќе биде претежно облачно со чести врнежи од дожд.

Во ноќта меѓу недела и понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег во ридско-планинските предели со локално формирање на снежна покривка од 5 до 10 сантиметри на повисоките места.

Максималните температури на повеќето места од 6 до 11 степени, а на југ до 15 степени.