




Златко Трајковски од Мартолци животот го принудил на луѓето да им верува со своето срце, дури и по цена тоа да му биде скршено. Зашто од бебе го губи видот и принуден е во темнина да го помине и така тешкиот живот.




Во специјално училиште во Скопје го завршува своето образование,каде се запознава со жената со која до оваа година ќе го дели животот. Неговата Блага ќе му подари син и иако и таа болна, ќе му го заблажи барем неколку години и така горкиот и макотрпен живот на Златко. За жал пред неколку месеци таа го напушта и го остава сам да се бори со сиромаштијата. Со нејзината смрт се гаси светлото во неговиот темен неосветлен тунел.




Денес Златко живее со минимални средства од социјалната помош. Не е во состојба сам да обезбеди храна и дрва. Нема електричен шпорет. Оброкот што низ неделата го добива е мал и недоволен за
да се нахрани.
