По уредување на дворното место во Манастирот Св.Јован Богослов – Битола кај Германски, битолските добронамерници наидоа на ореово стебло кое беше видно оштетено .




Заради зачувување на дрвата и шумскиот мирис кој е многу пријатен во дворот на Манастирот, делот каде беше оштетено (болно) дрвото го исчистија.




И со помош на златните раце на битолчанката Зора Долеска внимателно со резба на истиот дел е пресликана Мајка Пресвета Богородица која на самото дрво и даде нов лик и живот.




Резбата на ореовото стебло е заштитена со восок и сега таа претставува најубав и најскапоцен дар
