Цела Зеница го знае Таиб Сеферовиќ по прекарот – Тито. Новинарите од соседството го посетија и направија кратко интервју со него на еден од локалните пазари.

Вели дека е посебен тип, а новинарите згрешиле што не го посетиле порано бидејќи тврди дека животот му е исклучително интересен.

Таиб гордо се пофали дека е босански Казанова, дека завел многу жени и дека ниту една од нив не можела да остане рамнодушна кога ја видела неговата „гордост“.

Тој рече дека во првиот брак го стапил на само 11 години, а првото дете го добил на 13. Досега, вели, има 50 деца, а открива дека се оженил неверојатно 49 пати.

Денеска, иако има „околу 250 внуци“, смета дека не е крајот, а ја бара и 50-тата сопруга бидејќи моментално е слободен и со добро здравје на 70 години.

Таиб истакнува дека никогаш не бил болен или без пари, а смета дека најубавиот живот е во Босна и Херцеговина.

„Има работа за секој што сака да работи. Животот никаде не е толку добар како во Босна. Плата 500 марки, а вие трошите 3.000“, рекол Тито во разговор со Среќко Стиповиќ.