Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во вечерашното гостување во емисијата 360 степени вели дека тој планира да отиде во Бугарија за да разбие неколку тези.

-Во тој меморандум има и доста непријатни и недипломатски работи и беше вишок во нашите односи. Ние имаме изворни информации и подолго време се обидувам преку мои познанаци, а и планирам да отидам таму.

Ќе се обидам да разбијам неколку тези таму. Првата теза е ако Бугарија сега ја пушти Македонија, тука ќе заврши се со историјата. Тоа не е точно. Никој не може да му збрани на некој историчар да пишува како сака.

Ние со Грција јавно се откажаваме од античката историја, но пак имаме историчари кои пишуваат за античка Македонија. Мораме да констатитараме дека Македонија изминатите години беше многу затворена кон Бугарија. Но, сега со оваа влада која декларира пријалтество со Бугарија.

Имавме една позитивна атмосфера кон Бугарија, а сега луѓето доживуваат еден удар. Бугарската јавност треба да сфати дека ако сега почнат преговорите, ништо не е затворено. Тие ќе може да си пишуваат за историјата како сакаат. А, и понатаму ќе можат да не блокираат кога сакаат, вели Георгиевски.

Евентуално вето од страна на Бугарија кон Македонија би било на штета на двете земји и ќе предизвика повторно создавање на антибугарско расположение во Македонија, оценува некогашниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

-Сметам дека Бугарија ако стави вето ќе направи еден многу лош чекор за взаемните односи, а пред сѐ за самата себе. Затоа што повторно овде ќе нарасне антибугарското расположение, повторно ќе се даде простор за приказни дека Бугарија не ни е пријател туку непријател…“, вели Георгиевски.

„Просто не можам да се начудам. Тука веќе мислам дека се работи за некои суети на луѓето кои се во комисијата од бугарска страна, кадешто тие гледаат една фактографија, меѓутоа не гледаат која е македонската приказна која овде егзистирала 70-80 години и колку е тешко на еден историчар, на еден политичар, притоа премиер, претседател на држава, да кажат дека Гоце Делчев е заеднички херој и на Македонија и на Бугарија.

Мислам дека тие како да ја немаат правата информација која е нашата реторика по ова прашање, која е македонската приказна, како да не сакаат да разберат дека до пред 3 години никој во Македонија тоа не смееше да го каже.

Јас во Бугарија важам како пријател, гледате и во меморандумот ме ставиле, меѓутоа јас никогаш кога сум бил премиер не сум кажал дека Гоце Делчев е заеднички јунак на Македонија и Бугарија, затоа што ќе ме растргнеле тогаш во македонската јавност. Сум кажал дека треба да го преиспитаме нашиот однос према Бугарија.

Сум кажал дека Бугарите биле поголеми пријатели кон Македонија отколку што сакала да ни ја прикаже југокомунистичката историографија. Меѓутоа ваква изјава од типот дека Гоце Делчев е и македонски и бугарски херој јас немам кажано.

Сметам дека и сон на бугарската политика долги години беше да добие таква изјава од македонска страна, и сега одеднаш кога ја имаат таа изјава имам чувство како да не сфаќаат што значи за еден македонски политичар да каже – чекајте, Гоце Делчев е заеднички јунак.

Ако тие би прифатиле една ваква дефиниција, не сфаќаат колку ќе бидат растргнати македонските официјални политичари и историчари затоа што гледате дека и тука постојано се појавуваат разни групи, писма, петиции, дека се распродава Македонија, дека го продадовме и Гоце Делчев и сето тоа“, вели Георгиевски.

Љубчо Георгиевски во интервјуто се осврна и на еден друг феномен, а тоа е како луѓето ги менуваат ставовите, во зависност како во моментот нивната партија гледа на актуелните политички случувања:

-Во изминатите 30 години, еден човек, кој беше постојано со мене, се надевам лесно ќе се препознае (мисли на Ламбе Арнаудов?), ги убедуваше луѓето во една вистина за Гоце Делчев. Сега тој истиот човек, кој пред 2 години отиде во ВМРО-ДПМНЕ, го гледав на една телевизија, вели, Заев ќе им го продаде Гоце Делчев на Бугарите.

Еве како луѓето ги менуваат своите ставови, во зависност од тоа какви насоки добиле од партијата, вели Љубчо Георгиевски за 360 степени на Алсат.