Поради убавината е во големи проблеми.

Вероника Рајек (25) од Словачка е инфлуенсер и финалистка на натпреварот за Мис на Словачка во 2016 година, а благодарение на убавиот изглед има над милион следбеници на Инстаграм.

Таа моментално живее во Виена, патува низ светот и прави содржини за својот Инстаграм и тврди дека луѓето „секогаш се изненадени“ кога ќе ја сретнат за прв пат.

Вели дека постојано е мета на критики од жени кои мислат дека таа не е „вистинска“. Често се случува нејзиниот профил да биде избришан затоа што нејзините следбеници ја пријават како лажен лик , а според неа тоа е затоа што е „преубава“ и луѓето не веруваат дека нејзиниот изглед е реален.

„Многу луѓе мислат дека е лесно за убавите луѓе, но мене ми е полошо. Ми го загорчуваат животот. Луѓето не веруваат дека постојам. Навистина е дискриминација што другите жени можат да го направат истото, а јас не можам, па затоа бришат моите профили затоа што сум премногу, убава“.

„Си велам дека сум вонземјанин затоа што луѓето не веруваат дека сум вистинска. Мислат дека сум „бот“ или интернет измама“, вели Вероника.

Не е невообичаено да добиваат пораки со непријатна содржина. Тие и велат да престане да користи филтри и фотошоп.

Вероника вели дека повеќето нејзини придружници го прават тоа затоа што се загрижени дека таа ќе им ги украде момчињата. Исто така, таа се дружи само со мажи, бидејќи, како што вели, жените не сакаат да и бидат пријателки бидејќи се плашат дека таа ќе ги заведе нивните момчиња.

„Не правам никакви промени и не користам филтри – освен алатки за нежна кожа, но мислам дека тоа е нормално“, вели таа, додавајќи дека нејзиниот изглед е последица на здрав начин на живот. Не оди на забави и вежба пет пати неделно.

Што мислите вие дали е тоа доволно за да изгеда убаво!