Веб порталот Доказ.Мк направи ексклузивно интервју со добитникот на 34 милиони евра…
ДоказМ го контактираше добитникот на над 34 милиони евра , тоа е наш колега новинар и сопственик на Новинска агенција Охридскај од Охрид Сашо Денесовски,на кого му поставивме неколку прашања:




ДоказМ:Каков е филингот да бидеш добитник на толкав голем износ , зошто не ви е исплатена добивката и дали имате контакти – преговори со сопствениците на Спорт Лајф?
Денесовски: Преговори нема и нема ниту да има, добивката мора да биде исплатена во целост, а за тоа што све се случуваше во Спорт Лајф автомат клубот во Охрид ,за тоа ќе треба малку повеќе да се позанимаваат органите на прогонот во РСМ.




Филингот е ОК,исти онаков како пред 26 декември,сега останува да почекаме Јавното Обвинитеслтво и надлежните судови да ги спорведат законските постапки.
ДоказМ:Имало немили сцени , што се случуваше и дали имате некои закани?
Денесовски:Она што се случуваше на ден 26 декември 2020 година , мислам доколку тоа се екранизира ќе биде филм за Оскар.Знаете кога играте и ставате пари во автомат , тогаш тоа е игра, можеш да потрошиш буквално и милиони ,никој не те терал со сила дa играш, но кога ќе имаш добивка , тогаш дечките кои работат во клубот се јавуваат кај газдите , кој издаваат наредба на обезбедувањето играчот да го напушти казиното, а токму еден од нив бев и јас, се обидоа да ме избркаат со образложение дека се работи за системска грешка и не е возможно да добијам толку многу пари. Повикав полиција ,која кога дојде во автомат клубот издаде наредба сите да останат на свои места ,но потоа некој им издава нова наредба до вработените ,да ја изгаснат струјата во целиот комплекс на Спорт Лајф во комплескот „Летница“ во Охрид и дузина на други глупости….




Интервјуто е во сопственост на Доказ Мк, за повеќе информаци од ова интервју може
да кликнете:ТУКА
