Кесичките чај имаат неколку намени, но доколку ги користите за одгледување зеленчук и цвеќиња, тоа би можело да ви донесе паричен профит.




Покрај кесичката чај помагате вашите билки да бидат поубави и појаки, доколку ја користите ја заштитувате и животната средина со рециклирање.




Листовите од чајот содржат танинска киселина и хранливи материи кои се природно ѓубриво за вашата градина. Кога ќе завршат во земјата, чајот почнува да се распаѓа, ослободувајќи хранливи материи во почвата и на тој начин создава поздрава средина за растење, пишува The Gardening Cook.




Некои кесички чај се направени од манилски коноп, кој се добива од влакната на листовите од абака, растение од семејството на банани. Ваквите кеси може да се стават во земја заедно со чајот бидејќи и тие брзо се распаѓаат.




Исто така, искористените кесички чај, особено црниот чај, можат да помогнат во заштитата на растенијата од штетници, како и талогот од кафе. Нивниот мирис им пречи на инсектите кои сакаат да ги грицкаат вашите цвеќиња и зеленчук.




За садење семиња може да се користи и кесичка чај. Нежно ставете го семето во кесичката, држете го влажно, а кога ќе никне, само преместете го заедно со чајот на земја.




За некои, старите кесички чај се користат и за да се забрза распаѓањето во корпите за компостирање или да се задржи влагата во цветните тегли – се што треба да направите е да ставите кесичка чај под коренот на растението за да обезбедите повеќе влага.
