Почитувани читатели, до нашата редакција се обрати Тања која сакаше да го сподели нејзиното искуство како останала бремена, после молитвите на манастирот Острог.

Ќе ве молам за анонимност.

Беше втори август,поточно Св.Илија, Се се одвиваше неплански. Седевме со другарка ми Кате и низ муабет ми кажа дека има тури за Острог.Бев заинтересирана. Среќа го резервирав последното седиште. Решив да појдам со желба да се остварам како мајка. И длабоко во себе знаев дека желбата ќе ми биде исполнета.

Дента на 3ти август кога стигнав (bev so majka mi),влеговме кај моштите на Светецот.
Мајка ми го праша свештеникот кој стоеше покрај ковџегот,дали може да ми прочита молитва за пород. Свештеникот се согласи и почна со читање.

Почнав да плачам,солзи се лиеја по моите образи. Се чудев од каде тие солзи. Откако заврши,тоа траеше помалку од 5 минути,ми рече е сега да постиш среда и петок,и во недела на литургија.
Бевме сместени во горниот конак. Тука имаше место.

Сукњата и марамата кои беа на мене ги соблеков. Легнавме да одмориме. Мајка ми заспа,а јас секако не,иако поминавме долг пат.

Не поминаа 30 минути,станувам и наоѓам иконче од Св.Василије одма до Сукњата и марамата кои претходно ги соблеков. Штом го здогледав помислив,да,желбата е исполнета…

Така и беше. После 2 месеци дознав дека сум бремена,плус машко. Со сопругот размислувавме како ќе се вика.И ниту едно не ми беше привлечно.

И неколку дена по ред во мојата глава слушав глас кој повторуваше Матеј. И си помислив кој Матеј,зошто тоа име,од каде Матеј?Јас не познавам никој со истото име.

И се сетив да отворам христијанско календарче,и пребарував значење на името. Кога видов дека значи Дар Од Бога,решив да се вика така.

Да се надоврзам… Маж ми ме запроси пред црква Св.Илија,се венчавме и го крштевавме Матеј на тој празник. И да! На тој ден,Св. Василије ми го отвори патот.

Молете се и верувајте силно во она што го посакувате.

Авторски текст не смее да се превзема без одобрение!