Колку од 9-те милијарди евра што Европската унија ги планира за земјите од Западен Балкан, ќе завршат во Македонија, точна проценка нема.. Тоа ќе зависи од проектите што ќе бидат понудени за изградба на патишта и железници, обновлива енергија, намалување на аерозагадувањето, подобрување на менаџирањето со отпад и вода, како и реновирање на јавни проекти и широкопојасен интернет.

Премиерот Заев уверува дека Македонија веќе ги има готови проектите, а голем дел од нив се вклучени од планот на ЕУ.

Во документот што го обајви Европската комисија, се споменува финанирање на изградбата на железничкиот Коридор 8, конкретно помеѓу Скопје и границата на Бугарија. За изградба на пругата на земјава и недостигаат средства за третата фаза која е проценета на 320 милиони евра, од кои обезбедени се само 60 милиони. Се прави и експресниот пат кон Бугарија, таму се обезбедени средства за сите делници, а изградбата треба да биде готова во следните две години.

За кракот од коридорот кон Албанија, има проект за пруга Кичево-Лин, проценета е на 430 милиони евра, и за таму во моментов се бараат пари. Во делот на патиштата, се доградува автопатото Кичево-Охрид, а во моментов се проектира и автопатот од Кичево до Гостивар, проценет на 290 милиони евра.. Планирано е и на проширување на автопатот Гостивар – Тетово, во моментов во изработка е проектната задача. Како ќе изгледа и колку ќе чини, допрва ќе се знае..

Освен инфрастуктурните, европски пари ќе се чекаат и за изградба на гасна интерконекција Македонија-Косово, и проширување на инвестициите во поврзувањето на земјава со соседна Грција, како и подготовки за почеток на изградба на интерконекција Македонија-Србија… Неколку десетици милиони евра се очекува да бидат доделени и за изградба на пречиститлна станица во Скопје..