„Отворено тврдам дека постои организиран криминал. Тој не е на улица, туку во институциите врзани со одредени бизнис структури. Се работи за 110, 120 милиони евра кои денес ги нема.

Не може трагата на парите да се сокрие“, изјави поранешниот сопственик на Еуростандард банка и бизнисмен Трифун Костовски за отвореното студио на ТВ 24.

Тој посочи дека замрзнат му е имотот од неговата приватна куќа и две стари возила кои ги има околу 20 години.

„Како може за време на пандемија да се носи мерка за стечај на банката, а сега директорот на финансиска полиција Муареми не може да делува затоа што Ковид-19 беснеел низ светот.

Ќе го потсетам Муареми да даде точни податоци за предметот број 57 од 2013 година и предметот 106 од 2017 година“, истакна Костовски.