Бујар Османи, Министерот за надворешни работи се сретна совработените дипломати и конзуларни референти кои се членови на мобилните екипи за патни исправи, за лично да им ги врачи решенијата со кои тие итно се упатуваат во Државно конзуларните претставништва.
Нивната мисија ќе биде реализацијата на акциониот план за 2020 година, кој делумно беше пасивизиран поради појавата на светската пандемија.
Нашите државјани во странство се наоѓаа во тешка ситуација подолго време поради недостиг на легални документи, ваша задача е да вложите и дополнителен напор со цел за време на вашите посети на Конзуларните претставништва да дојдете и до последниот граѓанин кој има потреба од нашите конзуларни услуги – посочи Османи на средбата.

Џиват Руфати од 28 јануари годинава чека да добие пасош од македонската Амбасада во Берлин, но досега без успех. „На крајот на март дојдоа од Македонија да нѐ фотографираат, да ни земаат отпечатоци. Мене никој не ми кажа дека дошле и дека можам да одам да се фотографирам, иако бев пријавен“, додаде Руфати.

Доцнењата од властите во Скопје, на Џиват му предизвикуваат проблем и во неговиот престој во Германија, каде уште од 2014 е барател на азил.„Порано не ни следуваше дозвола за престој бидејќи сме осигурени од државата, но сега откако завршив училиште, се квалификував тука во Германија и ми следува дозвола за престој. Но, не можам да ја добијам, бидејќи немам пасош“, посочи Џиват Руфати.
Случајот на Џиват не е единствениот. Освен од Германија, до редакцијата на ТВ21 пристигна и поплака од Швајцарија.„На кое ниво паднаа Амбасадите на Македонија, ниту пасоши за своите државјани не можат да обезбедат. Во Швајцарија сме и немаме никаква можност да добиеме пасош.

„Нивната задача е да вложат и дополнителен напор со цел за време на нивните посети на Конзуларните претставништва да дојдат и до последниот граѓанин кој има потреба од нашите конзуларни услуги“, посочи Бујар Османи.Од МНР велат дека екипите почнуваат со посета на Загреб, Виена и Минхен, а потоа, според распоредот се упатуваат и во останатите центри каде постои потреба.
Во однос на точниот редослед на услуги од мобилните екипи, сите граѓани кои аплицирале за издавање патна исправа ќе бидат известени од страна на нашите Државните конзуларни претставништва.

Појаснуваат дека реализацијата на акциониот план за 2020 година делумно беше пасивизиран поради појавата на светската пандемија и ветуваат дека ќе продолжат со напорите за непречено и ефикасно функционирање на мобилните екипи, кои почнувајќи од 2 октомври до 9 ноември годинава започнуваат со реализација на акциониот план.
Извор/Prilep Denes
