Кога некому му ветувате или давате завет.




Некои жени го носат прстенот на малку поинаков начин – како привезок на ланче, околу вратот. Прашањето е дали тоа е само моден тренд или носењето венчален прстен, веренички или некој друг прстен има посебно значење?
Ова се најчестите причини зошто многу жени носат прстен на ѓердан.




Носењето прстен како привезок често се користи од практични причини, на пример поради работа што го оневозможува носењето накит на рацете, но и поради здравствени причини.




Луѓето кои боледуваат од ревматоиден артритис често не можат да носат накит на прстите, па поради тоа висат прстен на вратот. Истото го прават и луѓето кои добиваат дополнителна тежина или имаат отечени прсти.




Има само едно симболично значење за кое прстенот се носи околу вратот, а тоа е завет или ветување.
Кога ветувате или давате завет на некоја личност, во некои култури прстенот потоа се закачува на ѓердан и се носи околу вратот. Исто така, ова може да биде симбол на автентичност и желба на една личност да покаже колку се различни, свои, посебни.




Многу жени на овој начин ги носат прстените на својата мајка или баба, кои ги наследиле. Доколку овој прстен не им одговара, тогаш наместо на прстот, го ставаат на ланче и го носат како посебен спомен на личноста.




На овој начин прстенот е уште поблиску до срцето, а во некои култури прстенот на ланчето го носеле вдовиците.
На крајот, прстенот како привезок може да биде само тренд кој не мора да има симболично значење.
