Некои ги хејтаат, други ги обожаваат. Најчесто може да ги сретнете на социјалните мрежи, каде што споделуваат фотографии од нивните дружби по европските метрополи и луксузни дестинации. Тоа се Марија Пијанманов и нејзиниот сопруг Констандин Плевнеш.

Сепак, сега често се споделува и ова видео на фејсбук во кое таа го прашува: што тој ќе каже, а Плевнеш според зборовите кои се слушаат од видеото вели: Ги поздравувам со едно париско кафе сите мали македончиња.

Марија Пијанманов во видеото прашува како им се допаѓа амбиентот на оние кои го гледаат видеото и објаснува дека во Париз сите носеле маска, а имало полицајци со велосипеди кои санкционирале неносење на маска со 200 евра.

Во интервју за музика24 Пијанманов вели дека сопругот прави таа да се чувствува како кралица.

Со сопругот како што е познато веќе нели, живееме во Скопје и Париз, Франција. Имаме семеен дом во Париз каде празничните денови поминати таму се вистинско волшебство, благослов и инспирација. Во луксузните париски локали се забавуваме во Новогодишната ноќ, а мојот сопруг во тие убави празнични денови овозможува и прави да се чувствувам и да се забавувам како вистинска Кралица.

Во Париз сме веќе и препознатлив пар, па таму не дочекуваат со голема љубезност и искреност и тоа неизмерно ни значи и не расположува. Нашиот омилен келнер се вика Луј, од познатиот Марли, во Лувр. Позната е нашата парола, “Париз е наш” хахаха… Омилени гости сме за среќа, во најпопуларните локали, каде уживаме во француски специјалитети и коктели. Во луксузниот Лавени сме препознатливи и редовни гости и имаме најубави париски моменти. Приготвувам храна дома, во Скопје, само за Бадниковата вечера, која за мене е најубавата и најмаѓична од сите трпези во годината.