Ви пренесуваме сторија за тешкиот живот на браќата Марјан и Дејан.

Ладниот воздух и промајата во куќата често овие браќа ги прави болни и дополнително беспомошни.

Марјан собира шишиња и старо железо, а Дејан не е способен ниту за тоа. Тој по сиот ден другарува само со козите со кои е во некој свој свет и веројатно ним им ги раскажува најдлабоките желби и тајни.

А, и повеќе од сигурно е, а и ќе потврдат самите дека единствена и последна желба на овој свет им е да добијат макар една нормална соба и да ја наследат семејната пензија од нивната мајка.

Доколку некој сака да помогне може да го контактира на следниот телефонски бројц078871067 Марјан.