За време на постот, исклучително е важно редовно да се обраќаме кон Господа. Инаку, постот без одење во црква и вистински и искрени молитви е исто што и држење на диета.

Основното учење на отец Тадеј е дека Бог е насекаде и да им помогне на сите:

„И слабите и силните, сите на кои им треба помош. Затоа треба постојано да се вежбаме за да ги отвориме нашите срца кон Бога“.

Отец Тадеј вели: „Молитвата е исто така вежба. Ако постојано ја повторуваме молитвата, таа се претвора во чувство. За тоа зборуваа светите отци.

Многу луѓе добиваат благодат на почетокот на духовниот живот, но поради нашите гревови таа подоцна се повлекува, а потоа повторно се појавува. Кога некој ќе се обрати кон Бога од срце со умна молитва, тој постепено се навикнува на тоа и стекнува радост и мир, кои не се од овој свет.

И таа радост се стекнува, па повремено се губи. Но, благодатната молитва е неискажлива радост, која не може да се спореди со ништо на овој свет“.