Одредени видови риби ни даваат омега-3 масни киселини, чиј недостаток е поврзан со скратен животен век, велат научниците.

Недостаток на омега-3 масни киселини во исхраната го скратува животот скоро исто како и пушењето, е резултат на новата студија која крена многу прашина.

Научниците откриле дека многу ниско ниво на омега-3 масни киселини во организмот може да го намали очекуваното траење на животот за пет години. Мастите, кои се наоѓаат главно во рибите, но и во друга храна, се многу важни за здравјето на кардиоваскуларниот систем и го намалуваат ризикот од згрутчување на крвта.

Доброто ниво е осум или повеќе проценти, за средно ниво се смета дека е помеѓу четири и осум, а сè под тоа е ниско ниво на омега-3 масни киселини.

„Интересно е што во Јапонија, каде внесувањето на масна риба е дел од дневната исхрана, очекуваното траење на животот е околу пет години подолго отколку во Америка. Јапонците имаат ниво на омега-3 масни киселини околу осум, додека во Америка тој број е околу пет “, изјави истражувачот д-р Мајкл МекБарни од универзитетот Гелф во Канада.

„Затоа, можеме да заклучиме дека изборите во исхраната кои го менуваат омега-3 индексот се важен фактор во долг и здрав живот“, рече тој.

Студијата е објавена во Американскиот журнал за клиничка исхрана и вклучува податоци од студијата Фрамингам за здравјето на срцето, една од најдолгите вакви студии што некогаш биле спроведени.

Додека таа студија се однесува на вообичаените фактори на ризик за болести како што се возраста, нездравите навики или веќе постоечките здравствени проблеми, една нова студија го спореди внесувањето на одредени супстанции во исхраната со тие фактори.

„Во последниот комбиниран модел, пушењето и индексот на омега-3 масни киселини се факторите кои најлесно се модифицираат со промените во секојдневниот живот. Ако во моментов имате 65 години и пушите, вашиот животен век треба да се скрати за четири години. Истото намалување може да го очекувате ако имате низок индекс на омега-3 масни киселини “, на ведуваат авторите.

„Омега-3 масните киселини и нивниот индекс се толку корисни за предвидување на очекуваниот животен век, и на нив треба да се гледа со иста грижа како и другите фактори што одлучуваат“, рече д-р Бил Харис, претседател на Институтот за истражување на масни киселини.