




Нејзиниот сопруг јадеше големи количини на калорична храна, но и покрај се и веројатно благодарение на добриот метаболизам, успеваше да остане слаб.




Луѓето се разведуваат поради различни работи, но причината поради која една Италијанка го оставила сопругот навистина надминала се. Љубоморната сопруга Марија Алекс Ендрју неодамна се разведе од сопругот, а причина за нејзините постапки е тоа што тој не се здебелил, без разлика што јадел.




Нејзиниот сопруг земал големи количини калорична храна, но и покрај се и веројатно благодарение на добриот метаболизам, успеал да остане слаб. Тоа ја налутило неговата сопруга. Марија вели дека повеќе не можела да ја поднесе својата „послаба половина“ бидејќи тој постојано јадел без да се здебели ниту еден килограм.




Жената пред италијанскиот суд изјавила дека се разведува затоа што сопругот ја задевал велејќи дека и е доволно само да ја погледне храната и веднаш да се здебели. Секоја вечер беше до фрижидерот и убедена сум дека тоа го правеше само за да ме испровоцира“, го објаснила својот бес несреќната сопруга.
