Оптичка илузија – пронајдете го местото каде што глушецот се сокри меѓу печурките.

Оваа илустрација е создадена од унгарскиот уметник Гергели Дудаш. На него има лавиринт од печурки, а зад еден се крие глушец.

Ваквите илустрации, освен што се забавни за луѓето, им помагаат на научниците во нивното истражување и можат да им кажат многу за човечкиот ум и како тој реагира на околината и како функционира.

Д-р Густав Кун, психолог и експерт за човечка перцепција на Универзитетот Голдсмит во Лондон, еднаш за The Sun изјави дека можеме да користиме илузии за да разбереме многу работи за човечкиот мозок.

„Склони сме да ја земаме перцепцијата здраво за готово и ретко размислуваме за напорната работа што лежи во основата на секојдневните задачи, како што е гледањето шолја кафе пред нас.

Некои велат дека го забележале глувчето по 20 секунди, некои по една минута, а ако сè уште се мачите да го најдете, тој е на левата страна на сликата, приближно во средината, скриен зад една од печурките.