Во народот постои верување дека денешниот ден е погоден за свршувачки и свадби.

Мала Богородица се одбележува на 21 септември, а во црковниот календар е означена со црвено слово. Во народот овој празник се прославува и со различни живописни обичаи, особено поврзани со раѓањето и семејството.

Во народот постои верување дека овој ден е погоден за свршувачки и свадби. Според обичаите, на овој ден не треба да се извршуваат домашни работи. Празникот треба да се помине во молитва, мир и позитивни мисли.

Молитва кон Пресвета Богородица

Се верува дека зборовите на оваа молитва носат заштита од злото и душевен мир:

„Богородице Дево, радувај се, Благодатна Маријо, Господ е со Тебе; благословена си Ти меѓу жените и благословен е плодот на утробата Твоја, зашто си го родила Спасителот на душите наши.

Преподобна Царице моја, Пресвета надеж моја, прибежиште на сиромашните, заштитничке на патниците, помошнице на оние што се во неволја. Погледни ја мојата неволја, погледни ја мојата мака. Од сите страни сум опкружен со искушенија, а нема никој да ме брани.

Ти сама помогни ми, зашто сум немоќен. Нахрани ме како странец, упати ме како заблуден, исцели ме и спаси ме како безнадежен. Немам друга помош, ниту друга заштита, ниту утеха освен Тебе, о, Мајко на сите неволни и оптоварени.

Затоа, погледни на мене, грешниот и потиштениот, покриј ме со Твојот Пресвет покров, за да се избавам од злото што ме опкружува, и јас секогаш ќе го славам Твоето преславно име. Амин!“