Не им платила на работниците за завршената работа, па тие и се одмаздиле на најлошиот начин…

Браќа кои во Кардиф се занимваат со отстранување на отпад и расчистување на домовите и се одмаздиле на една жена која не им платила за извршената работа.

Ден откако го однеле отпадот, се вратиле пред нејзината куќа и го истовариле камионот полн со ѓубре по целиот двор.

Џонтан Морган (31) и неговиот брат Калум (27) неколку часа отстранува стар мебел и отпад од стан и работата ја наплатиле 120 фунти. Жената која ги ангажирала не им платила, па утредента во нејзиниот двор бил истоварен целиот отпад кој претходно браќата го одвеле.

“Еве што им се случува на клиентите кои не плаќаат”, велат на почетокот на видеото. Погледнете го во продолжение: