Имам 90 години, но се чувствувам како да имам 50, изјави веселата баба!

Една баба од Москва е јасен пример за тоа како се живее и колку позитивниот став влијае на квалитетот на животот и долговечноста. Без сомнение – треба да ја слушате!

Имено, Фејсбук страницата Human’s of New York објави фотографија од 90-годишната баба, не ни замислувајќи дека ќе стане планетарно популарна, како со нејзиното модно издание, така и со енергијата со која зрачи и со советите кои ни ги даде.

„Имам 90 години, но се чувствувам како да имам 50. Не пијам лекови и никогаш не се жалам. Секогаш им велам на луѓето: Почнете со она што го имате, а не од она што го сакате. Едноставно сум среќна затоа што сум жива“, рече оваа неверојатна дама од Москва и продолжи:

„Танцувам по два часа секој ден и уживам. Ме интересира политика и литература. Ја сакам и науката. И да, имам дечко Александар. Разменуваме книги. Не знам колку години има“, заврши 90-бабата.

Изгледа дека со својот изглед и однос кон животот оваа дама трогна многумина, бидејќи објавата на Фејсбук собра над 500.000 лајкови и речиси 20.000 коментари.

„Не ве ни познавам, но вие сте госпоѓо, мојот херој“, „Тукушто сфатив што сакам да бидам кога ќе остарам, а сакам да бидам таа“, се само дел од коментарите.

Оваа баба е жив доказ дека позитивниот однос кон животот значи многу повеќе отколку што мислиме!

Дали се согласуваш? Споделете со нас во коментарите!