На прикажаните фотографии премиерката Брнабиќ позирала со својот брат, освен на една слика на која се гледа и нивната мајка.




Премиерката на Србија Ана Брнабиќ гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ кај Огњен Амиџиќ каде беа прикажани фотографиите на премиерката од нејзиното детство кои јавноста немаше можност да ги види.

На фотографиите кои беа прикажани, премиерката Брнабиќ позира со својот брат, освен на една слика на која се гледа и нивната мајка. Ана истакна дека е во одлична врска со нејзиниот брат, и дека меѓу двајцата има само 15 месеци разлика.




Беше прикажана и фотографија на која Ана Брнабиќ како девојче чита весник, по што премиерката изјави дека веќе почнала да се интересира за политика.




Тоа го читав во весниците, уште тогаш ме интересираа политиката и дневно-политичките настани – изјави Брнабиќ.




– Јас и брат ми сме со мајка ми. Тоа се теписите. Брат ми е во хулахопки, за да го исмевам со години, по оваа емисија – низ насмевка објасни Ана.

