Брачен пар од Австралија имал неверојатна среќа откако сопругот платил идентичен билет, кој на семејството му донел два милиони австралиски долари (2,4 милиони КМ).




Неименувана брачна двојка од Волонгонг, град на југоистокот на Австралија, достигна статус на милионери, а се започна со заборавен сопруг и среќна комбинација на бројки од сопругата.




Имено, сопругот пред една недела заборавил да и ги плати лото броевите на сопругата, истите броеви кои таа ги игра со години. Потоа таа му се налутила како можел така да направи и да заборави
За да ја надополни, решил да плати две идентични билети со комбинацијата што ја користи неговата сопруга.




Човекот сепак решил да сокрие едно ливче, а кога виделе дека освоиле милион, тогаш и кажал на сопругата за вториот, идентичен тикет.




Не можела да поверува дека освоиле милион, а кога дознала за вториот тикет за малку не се онесвестила.




Меѓутоа, откако таа се смири, тие сфатија што е најдобро да се направи со парите. Како што самите кажаа, ќе купат куќа за својата ќерка, а потоа ќе одат на долг одмор и ќе посетат делови од Австралија кои не ги виделе, пишува Дејли Меил, пренесува РадиоСараево.
