Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на Фејсбук објави предупредување до земјоделците, заради најавата од можна појава на невреме во попладневните часови.

Ви го пренесуваме неговиот пост во целост:

Предупредување за обилни врнежи од дожд за сабота 5 август

Според прогнозата УХМР најавува дека во текот на попладневните часови во сабота 5 август се очекува можност од нестабилно време со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

Апел до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на посевите, особено за пластениците.