Во Македонија до среда сончево, со студени утра и топли денови. Утринската температура од нула до 11 Целзиусови степени, максималната дневна од 20 до 24 Целзиусови степени.




Ќе дува засилен југоисточен ветер. Од среда до петок се очекува постепен пад на температурата со северозападен ветер, но времето ќе се задржи суво. Температурата ќе опадне, а најстудено ќе биде во петок, со максимална температура од 12 до 18°С.




Во текот на следниот викенд се очекува значително потопло, но со облачност со дожд, врнежи и грмежи, со југоисточен ветер и со значително потопли утра благодарение на облачноста“.




– Според досегашните прогнози, до крајот на октомври не се очекува значително заладување , а третата декада од октомври, по подолг сушен период, ќе донесе почести врнежи. Втората половина на октомври претежно ќе донесе максимални температури на воздухот околу или над просечните вредности за овој период од годината.
