Ако изберете добра фризура, можете да изгледате и до 10 години помладо. Стилистите нагласуваат дека кога ќе наполни 50 години, секоја жена треба да се води според следниве правила:




Првата и најважна работа е да се грижите за вашата коса и редовно да ја стрижете за да не ви бидат пргави врвовите. Колку сте постари, толку треба да ви биде пократка косата, иако ова правило не е толку строго, се согласуваат тие. Идеалната должина е, всушност, до или малку под рамото.




Главниот трик е нејзината коса да биде исечена како полумесечина и разбушавена. Асиметрично исечената коса е хит. Овој „момент“ во обликувањето на фризурата дава доза на младост и ги истакнува најубавите црти на лицето.




Избегнувајте големи локни или целосно права, испеглана коса. Вака обликуваната коса „додава“ години на лицето.




Што се однесува до бојата, советот е да изберете топли тонови и да ја обоите косата неколку нијанси посветла од вашата природна боја. Ако сте природна русокоса, не ја белејте косата. Наместо тоа, додадете неколку прамени во боја на мед.
