Каде планирате да го поминете летниот одмор?
Според најновите податоци , во 2025 година ќе плаќаме повеќе за семејни одмори од кога било досега. „BBC“ ги базираше податоците на интернет пребарувањата на порталот TravelSupermarket за август 2024 и август 2025 година. Додека осум земји забележаа зголемување на цените до 26 проценти, две дестинации беа исклучок и нивните цени всушност паднаа.
Еве каде цените се зголемија, а каде се намалија:
1. Шпанија
Најпопуларната дестинација е сè уште сончевата Шпанија, со одморалишта како Бенидорм. Просечната цена за одмор со се вклучено во траење од една недела скокна од 950 евра на околу 1.100 евра.
2. Грција
Грција сè уште привлекува туристи благодарение на острови како Санторини. Сепак, ќе ви треба подлабок џеб. Цената се зголеми од околу 1.050 евра на околу 1.250 евра.
3. Турција
Турција, со дестинации како Бодрум, се смета за прифатлива, но дури и тука цените растат. Една недела одмор со се вклучено сега чини просечно околу 1.200 евра, што е за 14,8 проценти повеќе од минатата година.
4. Обединети Арапски Емирати
Дубаи е сè попопуларен, но и поскап. Седум ноќевања со се вклучено минатата година чинеа околу 1.450 евра, а сега цената скокна на околу 1.800 евра.
5. Португалија
Алгарве е омилено место на туристите од целиот свет со децении, но сега цените и тука вртоглаво растат. Одмор што минатата година чинеше околу 1.100 евра, сега чини околу 1.150 евра.
6. Египет
Популарниот Шарм ел Шеик на Црвеното Море, исто така, се зголеми во цена – од околу 1.150 евра на околу 1.390 евра.
7. Италија
Од историските градови Рим и Фиренца до езерото Комо, Италија е исклучок кога станува збор за зголемување на цените. Цената падна од околу 1.500 евра на околу 1.330 евра.
8. Тунис
Одморалишта како Хамамет претставуваат релативна погодност оваа година – цените паднаа од околу 940 евра на околу 870 евра.
9. Кипар
Лоши вести за оние што одат во Аја Напа – цената се зголеми од околу 1.150 евра на околу 1.400 евра.
10. Малта
Ако патувате на Малта за да уживате во знаменитости како Сината лагуна, ќе платите повеќе од минатата година. Цената за еднонеделен одмор со се вклучено се зголеми од околу 950 евра на околу 1.050 евра.
Каде планирате да го поминете летниот одмор?
