За два месеци ги загубила сопругот, мајката и сестрата, тагата ја уништила, а опасна болест ѝ донела смрт
Цела Југославија со задоволство ја слушаше и ја обожаваше, но нејзината популарност не беше ограничена само на тие земји, туку ја сакаа и во Германија, Грција, Франција, тогашна Чехословачка…
Љупка Димитровска беше неприкосновена кога се во прашање хитовите , а нејзината популарност го достигна врвот во седумдесетите и осумдесеттите години на минатиот век.
Таа се преселила од Македонија во Загреб во 1960-тите за да продолжи со музичката кариера , а првиот албум „Љупка“ го издаде во 1975 година. Во Југовизија учествуваше и Димитровска, со песната „Беј, залив“ со која го освои 6то место.
Сепак, Љупка не ја сакаше славата во секоја смисла. Медиумите ги избегнала, како што кажа и самата, затоа што и предизвикале стрес.
Повеќето нејзини песни ги напишал композиторот Никица Калоѓера , кој и бил сопруг на Љупка и го сакала речиси цел живот, од раната младост. Никица и Љупка се во брак од 1968 година.
Со Никица беше до неговата смрт во 2006 година, а ја добија ќерката Ника, која по професија е доктор.
Кога почина Никица, на Љупка и беше тешко, но несреќата не заврши тука. За само два месеци ги изгубила мајка си и сестра си. Сепак, „вечното девојче“ до крај ја криеше тагата зад насмевка.
Таа почина во 2016 година, десет години по смртта на нејзината Никица, по битка со тешка болест.
