Тие сакале по секоја цена да бидат најважни.
Луси, Лејди Даф-Гордон веќе важела за контроверзна дама кога со сопругот на почетокот на април во 1912 година се качила на Титаник. Сепак, она што се случило во текот на пловидбата и несреќата ги прогонувало до крајот на животот.
Луси Даф Гордон е родена во 1863 година во Лондон. Нејзиниот прв брак, склопен кога имала само 18 години, не траел долго и Луси наскоро, за да се издржува себе и својата ќерка Есма, била принудена да започне да работи како кројач.
Изгледа дека младата самохрана мајка била многу талентирана бидејќи бизнисот набрзо растел па нејзиниот салон наскоро станал познат едноставно како “Кај Луси”. Даф Гордон дизајнирала удобна, но модерна облека, како и долна облека прилично слободна за тоа време.
Луси имала добра смисла за работа. Била првата личност која ги користела познатите личности во цел рекламирање на својата облека, а не се двоумела и во промоцијата да го употреби сексипилот како оружје, па некои нејзини комплети ги носеле имињата како “Климакс” или “Градина на љубовта”.
Нејзиниот салон станал место каде што припадниците од високите деловни кругови можеле да купуваат во мир и тишина, додека нивната приватност е целосно загарантирана. Сер Космо Даф Гордон бил бизнисмен и сопственик на земја кој Луси за прв пат ја запознал како инвеститор во нејзината компанија. Не поминало многу пред да се појави љубов помеѓу нив и парот се венчал во 1900. година.
После тоа, бизнисот на Луси само продолжил да расте и наскоро се појавувала во модните списанија ширум светот. Парот набрзо отворил модна куќа во Њујорк и Чикаго во 1909. како и во Париз во 1911. година. Луси дизајнирала облека за некои од најголемите ѕвезди на Холивуд од тоа време.
Парот резервирал карти за Титаник затоа што Луси морала итно да го реши проблемот настанат во продавница во Њујорк. Забележано е дека дизајнерката имала сомнеж во погледот на безбедноста на бродот бидејќи не сакала да патува со ново, нетестирано пловило, но на крај брзината која и ја нудел Титаник, преовладала.
Ноќта кога бродот потонал, Луси го почувствувала ударот во сантата мраз и заминала во кабината на својот сопруг за да го разбуди.
И Луси и Космо, како и нивната слугинка Лаура ја преживеала несреќата на Титаник. Биле сместени во првиот чамец за спасување кој бил спуштен во водите на Атлантико. Иако во чамецот имало место за 40 лица, тој бил симнат само со 12 патници од кои седум биле мажи. Чамецот подоцна од таблоидите бил наречен “брод на богаташи”.
Забележано е дека во некој момент по потонувањето на Титаник, додека безбедно плутале чамците, Луси Даф-Гордон и се пожалила на слугинката како нејзините прекрасни фустани засекогаш исчезнале. Изнервиран со ваквиот коментар, еден од морнарите и рекол дека тие загубиле се после што сер Космо им понудил на секој морнар кој бил во нивниот чамец, да им ја платат надокнадата додека не добијат ново вработување.
Откако се симнале од бродот, Космо на сите морнари им доделил чекови со пари. На многумина ова им личело на мито, а на овој пат не му одело во прилог ниту тоа што нивниот чамец биле едниствен кој не се вратил да се обиде да ги спаси патниците кои плутале во студената вода.
Таблоидите во деновите после несреќата се натпреварувале околу приказната за тоа како овој пар преживеал. Се појавиле и шпекулации дека Космо влегол во чамецот преправен во жена!
После истрагата која е спроведена после потонувањето на Титаник, Луси и Космо биле единствените патници повикани да сведочат.
Членовите на комисијата гласините за подмитување на крајот ги отфрлиле како неосновани, но се е објавено под голем притисок на јавноста. Во текот на самото сослушување, судницата била полна со припадници на њујоршкото високо друштво кој во знак на поддршка ги носеле модните креации на Луси.
Сепак, јавноста не го заборавила инцидентот.
“Според она како се однесуваа кон нас во Англија кога се вративме, испаѓа дека не ни требало да преживееме. Срамота!”, напишала Луси во писмото на пријателката два месеци после несреќата.
Овој пар никогаш не се опоравил од лошата репутација која го следела после Титаник, но Луси продолжила со својот бизнис во модната индустрија. Дизајнирала облека се до крајот на 20тите години, но започнала да губи на популарност после Првата светска војна.
Тие биле принудени да ги затворат сите свои продавници во 1933 година и после тоа банкротирале.
