Одењето во тоалет за еден Тајланѓец се претворило во ноќна мора кога забележал питон од 2,5 метри на таванот.
Ноп Пауин (35), вработен во ресторан во Фитсанулок во северен Тајланд, сакал да уринира кога забележал змија како се пробива низ таванот во потрага по храна.
Пауин снимал и видео, но кога се вратил подоцна, повеќе не ја видел змијата. „Повикав локални фаќачи на змии, но тие сè уште не се дојдени“, рече тој, додавајќи дека најверојатно ја исплашил змијата.
Стравувањата на трговецот не се неосновани, пишува The Sun. Пред две години, седумметарски питон наводно убил жена во Индонезија, задавувајќи ја пред да ја проголта целата.
И пред неколку месеци, еден тајландски тинејџер доживеа еден од најстрашните стравови на секој човек откако питон го гризна за пе**сот додека бил во тоалетот.
