Оставањето крпи и лежалки на плажа во текот на ноќта, за да не мораат наутро да се мачат за добри позиции на плажата, е честа тактика на туристите.




Сепак, тие решија да го искоренат овој тип на „резервација“ на хрватското приморје.




Од комуналното претпријатие во Нови Винодолски се огласија со соопштение дека секој што ќе остави „реквизит“ на плажа ќе биде казнет, а предметите ќе бидат отстранети.




Согласно член 59 од Одлуката за комунален ред, забрането е оставање на крпи, реквизити за плажа и други лични предмети на природни и уредени плажи по нивното користење.




За оние кои ги прекршуваат овие правила се пропишани казни од 600 куни до 1.500 куни (од 80 до 200 евра) и до 10.000 куни или 1.300 евра за правни лица.




Како што е наведено во соопштението, сите предмети што останале на плажите ќе бидат отстранети, а сопствениците во рок од осум дена ќе можат да ги подигнат во Центарот за култура „Нови Винодолски“.
