Феновите, пешкирите, легените ќе станат минато кога ќе ги премачкате ѕидовите на фрижидерот со оваа намирница

Чистењето на фрижидерот може да биде многу досадно. Обично го знаете сценариото: исклучете го фрижидерот од струја и ставете ги легените со топла вода за мразот од замрзнувачот да се стопи што е можно поскоро, а потоа молете се на Бога храната да не се расипува додека се надвор.

За да немате повеќе проблеми со мразот, треба да знаете мал трик кој барем до тој степен ќе го спречи неговото формирање.

Се што ви треба за тоа е масло за јадење.

Иако доаѓаат се повеќе нови модели со „без мраз технологија“, ако имате стари фрижидери, знаете кои се неволјите.

Самата процедура е едноставна. Растопете го фризот, па убаво измијте го и избришете го со сува крпа. После тоа, истурете малку масло на парче памучна волна или стара крпа и избришете ги ѕидовите. И тоа е се. Вклучете го фрижидерот и ќе видите дека во наредниот период ќе се создаде значително помалку мраз.

Добро затворете ја храната

За да ја намалите количината на влага во замрзнувачот, секогаш добро затворете ја храната. Користењето машина за затворање кеси е најдобрата опција, но можете да користите и кеси со патент или контејнери со капаци. Исцедете што е можно повеќе воздух од кесата пред да ја ставите во замрзнувач.

Со користење на кеса со патент и сад со капак ќе се спречи формирање на мраз во замрзнувачот, а исфрлањето на воздухот од кесата ќе го спречи формирањето мраз во кесата.