Американката решила да го сподели своето искуство, откако, како што вели, доживеала нешто што е ретко. Нејзината душа го напуштила телото во моментот кога лекарите се бореле за нејзиниот живот




Триша Баркер доживеа тешка сообраќајна несреќа на 22-годишна возраст. Бидејќи била во критична состојба, а лекарите се бореле за нејзиниот живот, имала скршеница на кичмата на три места, а потоа искрварила на операционата маса, а таа тврди дека во тој момент душата и го напуштила телото и дека се сеќава сè.
– Бев свесна за мојата состојба, дека станав дух. Станав „копија“ на моето тело составено од светлина и бев речиси во аголот на собата. Оттаму ги гледав хирурзите како се борат за мојот живот и се прашував зошто крварам толку многу – рекла таа и додала дека тогаш видела „ангели“.




– Тогаш видов две интелигентни суштества направени од светлина, маж и жена и ги доживеав како ангели. Ми испратија телепатска порака дека се ќе биде во ред, а потоа ми го осветлија телото, но и рацете на хирургот. Но, набрзо сите активности престанаа на мониторот, а линиите станаа исправени – вели Триша.
Во тој момент и стана јасно дека е мртва.




– Не можев повеќе да го гледам, ниту да гледам како оживува. Излегов од операционата сала и ги видов моите скршени родители во чекалната – вели Триша.
– Летав кон ноќното небо и почувствував присуство на свест која ја толкував како светлина од Бога. Бев обземена од чувството на љубов, длабок мир, радост и низ главата ми се вртеа слики од детството и раната младост. Тоа чувство на љубов беше толку интензивно што е тешко да се опише. Не можете да замислите толкава количина на љубов. Ништо такво не чувствуваме во текот на животот – вели сега пресреќната жена.




Како што вели, потоа видела пораки кои и покажале и укажала дека љубовта е се на светот и тоа е единственото нешто што е важно и дека тогаш светлината и покажала повеќе детали од нејзиниот живот и не биле само убави спомени.




-Имаше и делови кои не ми се допаднаа, а кои ме потсетија дека понекогаш можев да бидам груба со другите и да ги осудувам. Одеднаш, сè се претвори во прекрасен пејзаж. Го видов мојот покоен дедо и изгледаше прекрасно. Почина во седумдесеттите, но блесна во рајот. Повторно се чувствував како мало дете, потполно слободно, заштитено и многу сакано од Бога – вели таа.




Во интервјуто Триша изјавила дека се чувствувала толку смирено што повеќе не сакала да го напушти тоа „царство“. Сепак, гласот и рекол дека треба да го сподели своето искуство со другите, а после тоа се вратила на телото.
По операцијата Триша поминала три дена на одделот за интензивна нега, а тврди дека за целото закрепнување чувствувала присуство на ангели.
