Откриен е најраниот симптом на корона што може да ви го спаси животот: Се јавува неколку дена пред сите други!

Ковид-19 е заразна болест што е потврдена кај повеќе од 30 милиони луѓе ширум светот. Иако многумина од нас ги имаат запаметено првите симптоми на оваа многу заразна болест, постојат знаци кои би можеле порано да ве предупредат дека сте заразени.

Според британското здружение на дерматолози, кое ги анализирало пријавените симптоми преку апликацијата Студија за симптоми на Ковид, сувите, болни и испукани усни може да бидат еден од најраните знаци.

Оралните знаци на коронавирус се само мал број можни симптоми кои се појавуваат на кожата.

– За време на пандемијата на коронарниот вирус, стана јасно дека покрај главните симптоми на треска и кашлица, симптомите можат да се развијат и на кожата. Извештаите од Кина, а потоа и од Европа, покажаа дека САРС-КоВ-2 во 20 проценти од случаите покажува симптоми на кожата, бидејќи вирусот предизвикува многу имунолошки реакции, па затоа не е ни чудо што кожата е вклучена во приказната. Така можете да почувствувате болни усни, кои се сушат и се лупат. Може да се појави и болка во устата – се наведува во изјавата на дерматологот.Сепак, само затоа што усните се суви, не мора да значи дека имате корона вирус, особено во овој период од годината.

За да не влезете воопшто во дилема, совет е да ги покриете усните со шал за време на студеното време кога сте надвор.

Меѓутоа, ако усните се различни од вообичаеното во овој период од годината, советот е веднаш да се изолирате и да се тестирате пред да се појават очигледните симптоми.

Познатата скопјанка Миа Костова го објави ова соопштение на социјалните мрежи каде детално објасни што се случува со неа.

Имено, таа соопшти дека е позитивна на опасниот вирус корона, а јавноста, своите пријатели и следбеници ги извести преку социјалните мрежи.

Еве што напиша таа:

„Официјално сум ковид позитивна. Ви благодарам за разбирањето и за пораките, се гледаме за едно 20 дена по улици, а на социјални мрежи ќе броиме заедно. Чувајте се, напиша таа на својот Фејсбук профил“.

Таа соопшти и дека знае кога се случил контактот, односно дека се случил во неделата, но и дека не контактирала со никого откако ги направила тестовите на кои и бил дијагностициран вирусот заради кој е прогласена глобална пандемија.

„Откако бев известена ги откажав сите претстојни состаноци , фризери и салони, не сум била во контакт со ниту еден од моите соработници па ни пријатели. Така што, сметам дека од мене повеќето се безбедни.“

Таа исто така соопшти дека знае кога и од каде е контактот и дека нема никаква врска со групирање и журки.

„Чисто совесна иако знам дека ќе има многу од оние кои ќе искоментираат ‘ако, така и е’ иако за волја на вистината знам кој е контактот кој се случи во неделата и не е никако поврзан со групирањето и журките.

Откако соопшти дека и таа е меѓу заразените, нејзините пријатели и следбеници и посакаа да оздрави што поскоро, а Миа во свој стил, се пошегува на своја сметка, со што ги изненади своите бројни фанови.
Glamur.mk