Патниците кои патувале низ Европа во последните денови се соочуваат со доцнења и откажувања на летови на многу европски аеродроми. Сцени какви што досега не се видени, некои ќе ги паметат засекогаш – луѓе се чувствувале лошо, па дури и колабирале од напор и стрес, а еден патник дури и заплакал. Сето тоа е последица на новиот ЕЕС систем, кој донесе голем притисок кај милиони граѓани кои не се државјани на Европската унија.
Хаос при патувањата пријавиле патници кои се враќале во Велика Британија од Женева, Лисабон и Малта. Имало и наши кои чекале по два часа на пасошка контрола. Долгите чекања и пропуштените летови го одбележаа почетокот на целосната примена на системот за влез/излез (EES).
За идните патувања, се препорачува патниците да доаѓаат најмалку четири часа пред летот, односно еден до два часа повеќе од вообичаеното. Доколку има големи редици и постои ризик да се пропушти летот, совет е да се замолат службениците за да се помине преку ред, особено ако летот е блиску до полетување.
Според него, многу луѓе се двоумат да побараат ваква услуга, па поради тоа пропуштаат летови. Оваа практика постоела и претходно, но сега е уште поважна поради зголемените гужви.
Во однос на апликацијата „Travel to Europe“, таа е наменета за забрзување на процедурите преку претходна регистрација на податоци, но моментално е достапна само во Шведска и Португалија. Таа делумно го олеснува процесот, но не ги заменува сите проверки, како што се земањето отпечатоци од прсти.
Со приближувањето на летната сезона, големи гужви се очекуваат и на копнените гранични премини. Повеќечасовните чекања стануваат нова реалност, па се препорачува користење алтернативни премини кои се помалку оптоварени.
Се очекува во наредниот период да има „мртва трка“ меѓу авионскиот и патниот сообраќај во однос на гужвите, особено кога повеќе летови пристигнуваат истовремено од земји како САД и Велика Британија.
На крај, се потенцира дека патниците мора внимателно да ја следат должината на престој во Европската унија, бидејќи новиот ЕЕС систем прецизно го евидентира секој ден и повеќе нема простор за злоупотреби.
