Големите емоции на Ѓоковиќ, ретко кој можеше да остане без солзи во очите.

Новак Ѓоковиќ спектакуларно ја освои титулата на Австралија Опен! Во одличен меч против Стефанос Циципас ја освои десеттата титула на Австралија опен (6:3, 7:6, 7:6) и со тоа се израмни со Рафаел Надал на вечната листа по бројот на Грен слемови.

И колку само тоа значеше за Новак! Само една година откако беше исфрлен од Австралија и помина низ пеколот и теророт на тамошните власти, на најдобар можен начин им покажа дека грешат и дека ќе се кае цел живот.

Тој победнички ги крена тупаниците и истрча до својата ложа, каде отиде да ги прегрне братот Марк и мајката Дијана кои исто така беа во солзи. Солзите кои ги пролеа покажуваат колку силни биле емоциите на Новак. Во еден момент изгледаше како да се струполи и падна на подот.

Солзите течеа една по друга. А кога повторно седна на клупата се слушаше и неговото липање.

Но, тоа се солзи радосници. Солзи на победа. Солзи кои ја радуваат Србија!