Невремето предизвика излевање на реки и потоци во планинските предели. Во Волос околу 200.000 луѓе се без вода, а некои делови од градот се уште се без струја

Агонијата на туристи во Грција продолжува. Повеќе од 100 од нив во областа на Волос и Пелион чекаат евакуација, по невремето и поплавите што го парализираа тој дел од Грција. Се урнаа мостови и патишта, излеаа реки и потоци. Стотици луѓе останаа заробени во поплавените домови. Противпожарната служба и спасувачите евакуираа повеќе од 350 луѓе. Шест лица загинаа.

Невремето во Грција стивнува , но невремето го отсече регионот Тесалија од остатокот на земјата . Телата на две сестри се пронајдени во село во областа Кардица, со што бројот на жртвите од поплавите се искачи на шест.

Тие не можат да ги напуштат одморалиштата четири дена

Некои туристи веќе четврти ден не можат да ги напуштат одморалиштата во близина на Волос.

Никој не дојде да не контактира , ништо не се случува, четврти ден седиме без струја и вода“, истакнува Владимир Стефановиќ, пишува РТС.

„Не би сакала никогаш да се најдете во ваква ситуација. Ве молиме да не префрлат само со брод, ако е можно “, вели Мирјана Трајковиќ.

Додека патиштата се уништени под воден порој, туристичките агенции се обидуваат да најдат решение за заглавените туристи во областа Волос. Тие тврдат дека се во контакт со локалните власти.

Дополнителен проблем создаваат ветерот и брановите

„ Се обидуваме да ги евакуираме луѓето од одморалиштето Платањас со брод преку патот до одморалиштето Пефкин на Евија . Сепак, денес, поради ветерот и брановите, тоа не е можно. Се надевам дека утре ќе можеме да ги префрлиме 11-те патници кои се во тоа одморалиште“, вели Љубомир Радивојевиќ од туристичката организација „Атлантик“.

Од амбасадата велат дека сите што се упатуваат кон Грција се информирани за проодноста на патиштата кон Атина.

Невремето предизвика излевање на реки и потоци во планинските предели . Во Волос околу 200.000 луѓе се без вода, а некои делови од градот се уште се без струја.

Градоначалникот е на терен заедно со цивилната заштита и армијата.

Жителите на Волос се изненадени и, според нив, вакво невреме е без преседан.

„Никогаш не сме го доживеале ова“

„ Вакво нешто не сме доживеале сиве овие години. Дури и старите со кои разговаравме ни рекоа дека вакво нешто не паметат “, вели жител на Волос .

„Ништо не можеме, нема храна во фрижидерот, немаме ништо, ниту бања“, посочува еден жител.