Кога доаѓаа кај старец Кирил Павлов и зборуваа дека има многу луѓе во црквите и може да се надева дека верата во народот почнала да јакне, отец Кирил побарал да се наполни кофа со вода. Кога ја наполниле, рекол:

“Овој е бројот на луѓето кои сега одат во храмовите.” Потоа старецот побарал водата да се истури од кофата… А кога ја истуриле водата, останале само три капки. Отец Кирил објаснил:

“Овие се сега оние кои се спасуваат”.
На запрепастеноста на присутните, тој одговорил: “Поголем број на луѓе одат во храмот со зборовите “дај”. “Дај здравје, Господи, дај финансиска благосостојба, дај семејство, дај деца…” Многу мал број на луѓе доаѓаат во црква со зборовите:
“Прости ми, Господи!

Прости ми што грешев, прости ми што не Те сакав, прости ми што Те заборавив…” И за жал, некои од овие зборови никогаш не се изговорени.

Обиколувајќи ги храмовите, низ годините, не сфаќаат дека во црквата треба да се оди како покајан грешник, со покајничко лице, а не замислен праведник кој на Бога му прави услуга со тоа што е во храмот…”
(Превземен ФБ сгтатус)