Актуелниот четврти топлотен бран е на својот врв ќе го има за време на викендот.
Топлотниот бран продолжува. И денеска со сончево време беше многу топло, а температурата во повеќето области во текот на попладневните часови се движеше околу 35°C.
Инаку, бранот топол воздух од запад и југозапад на Европа сега се шири кон исток и со уште поголем интензитет ќе го зафати нашето подрачје за време на викендот. Така за време на викендот јадрото на топла воздушна маса ќе биде над нашиот дел од Европа.
Сончево и тропски топло за викендот. Максималната температура во сабота ќе биде од 34 до 38°С, а најтопло ќе биде во недела со температури од 35 до 39°С.
Се очекуваат многу високи нивоа на УВ зрачење, па затоа во периодот од 10 до 16 часот не се препорачува изложување на сонце подолго од 15 минути без соодветна заштита.
Во понеделник ќе се задржи многу топло време со температури од 33 до 37°С. Сепак, по сончево утро, попладне на север и запад, а во вторник во другите делови на земјава , се очекува облачно и свежо со врнежи од дожд и грмежи, а ветерот ќе биде свртен кон северозападен правец. температурата ќе опадне за повеќе од 10 степени.
Со оглед на тоа што просечната максимална температура за крајот на август е од 25 до 29°С, за време на викендот тие ќе бидат за 10 степени повисоки од просекот за овој период од годината.
