Фризер на славни личности открива која фризура е најдобра за жени над 50 години.
Познатата фризерка Никол Пети истакна дека несоодветната фризура може да го уништи целиот изглед, особено кај жените над 50 години.




Многу е важно фризурата да се совпадне според обликот на лицето, доколку е тркалезна изберете пикси фризура, додека квадратните лица изгледаат подобро со долги шишки. Никол објаснила дека кога одите на фризер треба да ви кажат која фризура најмногу одговара на обликот на вашето лице.
За овални лица и лица во форма на срце, Никол препорачува пикси стил со подолги слоеви и кратки шишки . Квадратните лица ќе изгледаат подобро со подолги, тенки шишки и лесни слоеви за да го „омекнат“ лицето.




Пикси фризурите се храбар избор , но и совршена опција за жени над 50 години. Тие помагаат да се истакнат цртите на лицето и да се додаде волумен на проретчената коса.
За пософистициран, но младешки изглед, овој стилист предлага дискретни нагласувања за додавање димензија и текстура.




Шишките прават огромна разлика и слоевитоста дефинитивно ќе и даде на вашата коса поголем волумен и ќе создаде „неуреден“, но многу стилски изглед.




Слоевит боб е уште еден одличен избор кој брише години од лицето. Фризерката препорача асиметрични и неуредни боб фризури за оние кои сакаат младешки сјај.

Долгиот боб е за жени кои се борат со стајлингот бидејќи секогаш можете да ја навлечете косата во опавче на крајот.

