Легендарниот актер Драгомир Бојаниќ Гидра одигра бројни улоги во нашите култни филмови и серии, а глумеше и во десетина италијански продукции кои му донесоа значајна кариера. Во Италија бил познат под псевдонимот „Антони Гидра“ (што на италијански значи змија).




Иако сними голем број филмови, најголемата популарност низ СФРЈ ја стекна со улогата на Жика Павловиќ во десет дела од филмот „Династијата на Жика“.
Тој беше оженет со колешката Љиљана Контиќ со која ја доби ќерката Јелена.




Како што беше во династијата Жика, таков беше и во секојдневниот живот, насмеан и весел. Никогаш не сум го видел тажен или намуртен – изјави еднаш Јован за локалните медиуми.




Медиумите се интересираа дали има сознанија за приказните дека дедо му ја изневерил сопругата, што Јован ги демантираше.




– Не е точно дека дедо ми бил ѓубре. Тој многу ја сакаше баба ми Љиљана и таа голема љубов доведе до кавги. Поради тоа често се разделувале еден од друг, но тој секогаш се враќал кај неа. Не замина поради други жени, тоа не е точно – истакна Стојановиќ.




Јован работи како модел и има направено кампањи за познати брендови, учествувал на модни ревии, а се појавувал и во неколку спотови.




Оженет е со шминкерката Маја, со која го има синот Алексеј и со својот шарм ги освои срцата на дамите кои верно го следат на социјалните мрежи.
