Една жена беше прашана: „Дали твојот сопруг те прави среќна?
Во тој момент мажот стана гордо. Знаеше дека неговата сопруга ќе каже ДА , бидејќи таа никогаш не се пожали за ништо.




Сепак, сопругата одговорила на прашањето со убедливо „ НЕ “:
„Не, мојот сопруг не ме прави среќна“.
Мажот бил збунет, но неговата сопруга продолжила:




„Мојот сопруг никогаш и не ме прави среќна. Среќна сум. А дали ќе бидам среќна или не, не зависи од него; јас сум единствената личност од која зависи мојата среќа.




Решив да бидам среќна во секоја ситуација и во секој момент од мојот живот, бидејќи ако мојата среќа зависеше од друга личност, работа или околност на Земјата, ќе имав сериозни проблеми.
Сè во овој живот постојано се менува: човекот, богатството, моето тело, климата, радостите, пријателите, моето физичко и ментално здравје. Можев да продолжам и понатаму…




Треба да бидам среќна што и да се случи. Дали имав многу или малку, среќна сум! Дали излегувам во градот или останувам дома? Среќна сум! Без разлика дали е богат или сиромашн, среќна сум!




Среќна сум за себе.
Има луѓе кои велат: „Не можам да бидам среќен денес затоа што сум болен, затоа што немам пари, затоа што е многу топло, затоа што е многу студено, затоа што некој ме навреди, затоа што некој престана да ме сака затоа што јас не знам да се сакам себеси, затоа што моите деца не ме прават среќен, затоа што моите пријатели не ме прават среќен, затоа што мојата работа е просечна итн“.




Го сакам мојот живот не затоа што мојот живот е полесен од другите, туку затоа што избрав да бидам среќна како личност. Јас сум одговорна за мојата среќа.




Кога ќе му ја одземам оваа обврска на мојот сопруг или на некој друг, ги ослободувам од товарот да ме носат на раменици. Тоа многу го олеснува животот на сите“.
Дали се согласувате со оваа жена ПИШЕТЕ НИ ВО КОМЕНТАР!
(Stil.kurir.rs)
