За овој експеримент ви треба млака вода, сода бикарбона и сок од лимон

Веројатно не сте знаеле дека огромен дел од јаболката што ги купуваме во продавниците се претходно обложени со слој восок. Производителите го прават ова за да го направат овошјето подолго употребливо, но многу луѓе се изненадени од количината на восок што се наоѓа на јаболката, особено ако се земе предвид дека повеќето не се ни свесни за овој процес на складирање на овошје.

За да проверите какви јаболка купувате, направете го следниот експеримент – прелијте неколку јаболка со топла вода.

Оставете ги да отстојат – ако се покриени со восок ќе се покаже на нивната површина. За да го отстраните восокот ќе ви треба сода бикарбона, сок од лимон и млака вода. Измешајте ги состојките, а потоа натопете ја четката за заби во смесата и добро истријте.