Цената на кромидот сега е помеѓу 70 и 80 а до октомври, може да стаса и до 120 денари за килограм, велат трговците од штипскиот пазар.
Причина за ова е намаленото домашно производство но и одлуката на Индија – најголемиот извозник во светот од каде куува и Македонија, за кромидот да воведе извозен данок од 40 отсто.Освен од Индија, кромид кај нас се увезува и од Србија и Албанија.
Во моментот цените на кромидот на зелените пазари се високои но стабилизирани Но, според земјоделците, ова е само привремена состојба и цената ќе почне да расте со зголемувањето на побарувачката.
За граѓаните, цената на кромидот и сега е доволна висока за да биде уште повиска.
Властите тврдат дека будно ја следат состојбата на пазарот и дека ќе преземат мерки за заштита на интересите на домашните производители и потрошувачи.
Тие апелираат до граѓаните да купуваат кромид од македонско потекло и да го поддржат локалното земјоделство
За потсетување овој зеленчук во 2020 и во 2021 година просечно се продаваше по цена од околу 20 денари за килограм.
