Денешното отворање на првиот Меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, е многу повеќе од промоција на најдобрите вина и највкусната храна на Балканот, тој значи интеграција, олеснет пристап, практична примена на политиката на отворени врати и секако добрососедство.

Денес, ги поврзуваме нашите економии, отвораме нови пазари за нив, нови пласмани, обезбедуваме простор за размена на нови идеи, технологии и пристапи во работата.

За прв пат на еден Меѓународен саем за храна, вино и туризам, со поддршка на својата држава, од Северна Македонија присуствуваат претставници 42 винарии и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни вина и ракии, а ќе присуствуваат и 10 производители на храна.

Покрај виното, на овој Саем посетителите ќе можат да пробаат автентична, македонска кујна преку производителите на храна кои се претставуваат. А, ќе имаат и можност да се запознаат и со природните убавини во Северна Македонија, преку промоциите на туристички капацитети.

Сето ова денес го претставуваме под мотото „Вкуси го животот“ и порачуваме: вкусете македонско вино, вкусете македонска храна, вкусете македонска авантура!

Светскиот тениски ас Novak Djokovic, покрај љубовта кон тенисот има уште една пасија, а тоа е виното. Семејството Ѓоковиќ има своја винарија и денес со задоволство поразговаравме за македонското вино кое добро го познава. Убавото вино ги поврзува луѓето, а саемот во Белград е прекрасна можност за поврзување на земјите од регионот.